Македонската кадетска репрезентација се врати со златото од Летонија. Прв по големиот успех ги пречека претседателот на РФМ, Живко Мукаетов Гордост е да се знае дека ракометна иднина имаме, млади момци со освојувањето на златото ги отворија портите за ЕП 2024 и СП следната година.
Инаку како што беше кажано раководството на РФМ ќе ги награди ракометарите со премија од 700.000 денари. Ова ќе биде побарано од УО на РФМ да донесе одлука за премијата.
Повеќе од јасно е дека оваа премија која ќе ја поделат нашите златни момци ќе биде уште поголем стимул за натамошна работа и успеси.
Од друга страна Ракометната Федерација на Македонија на чело со претседателот Живко Мукаетов докажува дека знае и тоа како да ги наградува и младите, како што тоа секогаш го прави.
Само нека има успеси и во иднина,секако дека ќе има и премии. РФМ не заборава на тоа.