Седлоски: Балкани е силен, но ние игравме против екстра противници и покажавме што можеме

255

Македонскиот шампион, тимот на Шкупи, утре со почеток од 21:00 часот на Арената Тодор Проески го игра првиот од двата дуели против косовскиот тим Балкани, а кој се дел од последната фаза за пласман во групната фаза од Лигата на Конференции.

Шкупи летово покажа дека може да се носи со силни противници, од типот на Динамо Загреб, и не само што не се посрамоти, напротив, беше на прагот да елиминира далеку пореномирани екипи. Тоа секако е некаков показател дека нашиот првак е фаворит во дуелот против Балкани.

„Тоа што загубивме на пријателскиот дуел против Балкани на подготовките во Охрид, е далеку од некаков показател за моменталната ситуација, и претстојниот двомеч. Ние имаме квалитет, знаеме со што располагаме и ќе направиме се за да го оствариме тој историски успех, пласманот во групната фаза од Конференциската лига. Балкани е квалитетен, но ние се носевме летово со сериозни европски клубови што ни дава за право да се надеваме на успех во овој дуел“ – изјави Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи, на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел.

Демири: Очекуваме полн стадион, поддршка и секако победа 

Од друга страна, Бесир Демири, новитетот во тимот кој го засили Шкупи летово, смета дека неговиот тим е фаворит но дека тоа мора да се покаже на терен.
„Секако дека се надевам на поволен резултат односно победа и ќе направиме се за тоа да се случи. Очекувам голема поддршка од трибините, и секако да оствариме резултат кој ќе ни донесе мирен реванш и секако пласман во групната фаза“ – изјави Демири.

ПретходноСлавчо Георгиевски: Скопје ќе го даде максимумот за да ја изненади Шкендија!
СледноЗахов за мечот со Скопје: Шкендија е фаворит, но тоа треба да се докаже на теренот!