Ненад Димитријевиќ се приклучи, се чека уште Николов!

233

Машката сениорска репрезентација ги продолжи подготовките за августовскиот „прозорец“ на ФИБА. По работната недела во Маврово, и одигрувањето на контролниот меч во Бар против селекцијата на Црна Гора, нашите најдобри кошаркари се во Скопје.

Од денеска продолжија со работа во СЦ„Борис Трајковски“ каде ќе се тренира до крајот на оваа седмица по што следува преселба во СРЦ „Кале“.

Она што е особено важно е дека од денешниот утрински тренинг, селекторот на нашата сениорска репрезентација Александар Јончевски го има на располагање и Ненад Димитријевиќ.

Откако ги среди своите приватни обврски поврзани со преселбата во новито клуб, Уникс од Казан, еден од нашите најдобри кошаркари е веќе на тренинг, па новиот предводник на „црвено-жолтите“ го чека доаѓањето само уште на Кристијан Николов, за да бидеме комплетни, и што е можно поспремни за она што следува во последната недела од август.

Првите два меча од претквалификациите за Евробаскетот 2025, првиот на 25. август против Данска на гости, вториот, три дена подоцна, на 28 август против Словачка, планиран да се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје.

ПретходноОхрид со апел: Да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија!
СледноКевин Дурент има нов тим?