Градоначалникот на Охрид потврди, градот ќе го организира маратонот

133

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков донесе одлука годинава да се одржи јубилејното 60-то издание на Охридскиот пливачки маратон кое ќе биде во организација на општина Охрид. Иако претходно беше објавено дека поради проблеми во самата организација односно блокираната сметка маратонот не може да се одржи, сепак, најновите информации кои доаѓаат од нашиот бисер покрај езерото ја менуваат оваа ситуација.

Раководството на градот очигледно изнајде решение со кое ќе се стави маратонот повторно во функција и нема да биде откажано неговото јубилејно, 60. издание, нешто штонаиде на огромно негодување кај пошироката јавност во нашата земја.

Инаку главен покровител на овој настан со децении веќе е претседателот на Република Македонија, во случајов господинот Стево Пендаровски.

ФОТО: АЕРОФОТО МК

ПретходноГи одбија 70-те милиони евра на Баерн, а сега си заминува од клубот на позајмица!
СледноБујар Ислами – Арсими: Во Чегране се спрема спектакл, ни доаѓа Вардар!