Ди Марцио тврди, Јунајтед и Евертон се заинтересирани за Елиф Елмас

750

Трансфер гуруто Џанлука Ди Марцио утринава, активираше „бомба“ во која вели дека Премиерлигашките гиганти, Манчестер Јунајтед односно Евертон се заинтересирани во своите редови да го видат македонскиот репрезентативец и интернационалец Елиф Елмас.

Она што пак Спортмедиа го знае како факт е дека Елиф Елмас не ја ужива премногу довербата на тренерот на Наполи во моментов, и не ја има улогата на стандарден првитемец. Но, во исто време Наполи нема намера да го пушти нашиот репрезентативец од проста причина што сезоната е долга, има многу мечеви за играње и едноставно Елмас ќе ја добие минутажата која што ја заслужува во секој случај.

Интересот на Евертон односно Манчестер Јунајтед веројатно е и присутен затоа што овие два тима се во потрага по засилувања, односно нови играчи со оглед на проблемите кои ги имаат на резултатски план особено Јунајтед.

Од друга страна пак Наполи летово, воопшто не сакаше да разговара за заминување на Елмас, затоа што нашиот интернационалец сигурно дека имаше таква опција на маса. Се споменуваа доста екипи, како Милан на пример, но и Торино и Сасуоло како опција за позајмица, дури и германски Штутгарт.

До крајот на преодниот рок има уште доста време, а доколку навистина Елмас замине во Премиер лигата и потпише за еден од овие два тамошни великани тогаш, тоа ќе биде сериозен чекор напред во неговата кариера.

ПретходноДин: Згрешив, мораше да го повикам Тејлор за ВАР
СледноРеџепи: Енис не е играч за втора лига, репрезентативец секогаш мора да е на највисоко ниво