Пелистер со совлада АЕК за потврда на финалето во Струга

221

Пресметката за пласман во финалето меѓу АЕК и Пелистер заврши со победа на македонскиот вицепрвак кој славеше со 26-27, таму силите ќе ги одмери со тимот на Целје. Очекувано, оваа средба мина во возбудлива и изедначена битка.

Битолчани беа под нивото во првото полувреме, грчкиот им успеа да го наметне своето темпо и да дојде до плус четири на одморот 16-12. Сепак Пелистер не остана на ова, со серија од 6-1 поведе сп 17-18 во 37 минута. На средината на овој период, битолчани имаа и плус два (19-21), оваа позитва не значеше ништо, Мандалиниќ, екс-ракометарот на битлчани изедначи на 21-21 за нови возбудувања и продолжување на неизвесноста.

На нецели четири минути до крајот, Пелистер го врати водството (24-25), резултат кој се покажа како доволен за пласман во финалето, главен удел имаше Лесјак. На крајот битолчани успеаја да ја сочуваат позитивата од еден гол до самиот крај.

ПретходноПотврден трансферот на Касемиро во Манчестер Јунајтед!
СледноУкраден часовник на Левандовски вреден 70.000 евра, крадецот фатен во грмушки