Попладнево од 17 часот се играат четири натпревари од 3.коло во ПМФЛ. Секако дека дерби на колото е дуелот меѓу А. Пандев и Шкендија,две екипи кои имаат големи амбиции и за ова првенство и екипи кои ова лето играа во Европа.
„Пандевци“ осоколени по минатонеделниот убедлив триумф на гости кај Работнички посакуваат уште една блескава партија, додека тетовци каде и против кого да играат секако дека одат на победа.
Тиквеш и тоа како “наострен“ ја чека Брегалница. Кавадарчани и штипјани се лути ривали,но во последно време Брегалница е таа што има подобри резултати во последно време. Секако дека ова ќе биде нов дуел меѓу стратезите Влатко Костов и Илчо Ѓорѓиоски.
Струга Трим Лум го дочекува Работнички и посакува трета победа во третиот меч сезонава.Од друга страна Љупчо Марковски – Калц не само што го чека првиот бод, туку и првиот гол сезонава со својот Работнички.
Силекс на свој терен игра против Скопје, одлична можност за четата на стратегот Горазд Михаилов да продолжи со добрите игри и резултати пред се на стартот на сезоната.
Вчера Македонија ЃП беше убедлива со Победа со 4:1, додека Шкупи е слободен.
ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО (ДЕНЕСКА – 17 Ч)
СИЛЕКС –СКОПЈЕ
А.ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ –БРЕГАЛНИЦА
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4:1
ШКУПИ (СЛОБОДЕН)