Екипата на Шкендија успеа да слави во дербито од третото коло во ПМФЛ Шампионатот против тимот на Академија Пандев во Струмица со конечни 0:1. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Шаља во 76. минута на одличен центаршут од левата страна. На овој дуел, тетовци доминираа направија далеку повеќе шанси од домаќинот и заслужено ги однесоа трите бода.
Струга Трим Лум перфектна по три кола
Тимот на Струга Трим Лум засега најдобро се покажа во новата ПМФЛ сезона. По три одиграни кола е перфектна односно има три победи и девет бода. Денеска Стружани на домашен терен подобри од Работнички со 2:1, во дуел во кој имаше три гола но и три црвени картони. Погоди Мерџани за водство на домашните во 12. минута, израмни Тодоровски во 25. минута, а Радиќ со глава во вториот дел погоди за конечни 2:1. Од тој момент завршија головите стартуваа картоните на овој дуел. Токму стрелецот Радиќ го удри Максимов без топка и доби директен црвен картон. Потоа самиот Максимов доби втор жолт картон и автоматско исклучување, за да конечно во последните секунди Буњамин Шабани на ист начин предвреме да го заврши мечот.
Дербито во Кавадарци без победник
Во Кавадарци пак дербито пред неколку илјадната публика помеѓуи Тиквеш и Брегалница заврши 1:1. Силјановски со евро гол ги доведе Штипјани во водство во првиот дел, а израмни Спахиу во продолжението. Зовриената атмосфера на теренот како и на трибините направи црвен картон да добие Даниел Мојсов, кој беше испровоциран и од домашната публика. Тој е Кавадарчанец, а во моментов е дел од Брегалница, па очигледно неговите сограѓани преку оградата имаа што да му кажат на некогашниот репрезентативец и искусен стопер.
Хаосот во Кратово за домашните
Конечно, дуелот во Кратово помеѓу Силекс и Скопје заврши со конечни 3:1. Дуел кој се одличуваше со многу остра игра, со стартови и секако заштитниот знак за ова ПМФЛ трето коло, црвени картони.
Предвреме мечот го завршија Андреј Ричков, Арсим Љамалари и Јасмин Мециновиќ. Мечот што се однесува до головите одеше по редослед Обрадовиќ за домашните за 1:0, изедначи Хајдари за 1:1. Само минута подоцна Ефремов греши во својот петерец и му дозволува со глава на Обрадовиќ да го постгине својот втор гол,а конечните 3:1 ги постигна Алији.
Резултати:
Академија Пандев – Шкендија 0:1
Тиквеш – Брегалница 1:1
Силекс – Скопје 3:1
Струга Трим Лум – Работнички 2:1