Ливерпул и трет меч по ред не знае за победа. „Црвените“ го имаат најлошиот старт на сезоната под водство на Јирген Клоп, а по двете почетни ремија следуваше пораз од Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2:1.
„Беа агресивни уште од почетокот на натпреварот и беше јасно што може да се случи. Кога го примивме првиот гол, покажавме иницијатива и игравме како што требаше. Немавме среќа во некои ситуации, посебно по прекините, а ќе беше прекрасно да изедначевме пред полувремето. Вториот примен гол очигледно дополнително не поремети.
Што да кажам, требаше да победиме. Знам дека звучи глупаво, но да одигравме барем малку подобро – ќе победевме. Нормално дека сум загрижен за состојбата, не е добар момент но таква е работата. Ќе бараме начин да се подобриме. Следуваат Борнмут, Њукасл и Евертон. Можеме да одиграме подобро.
Морам да кажам дека сме во тешка ситуација сме со повредите. Имавме на располагање 14-15 играчи оваа недела, сега треба да се погрижиме тие да останат здрави. “, изјави Клоп за „Скај спортс“.