Ѓорговски и Стоилевски нови членови на Е. Пелистер

122

Екипата на Е.Пелистер предмалку се пофали дека нејзини нови членови се ракометарите Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски. Истите се прекомандувани од Е. Пелистер 2 во првиот тим како заслуга за досега одиграното во дресот на тимот од  Битола.

Тие ќе бидат пријавени за натпреварите во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа за тимот на Ларс Валтер. Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата.

Претходно од Е. Пелистер 2 во Е. Пелистер се префрлија и Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.

 

 

 

 

ПретходноЛШ: Звезда брка негатива, Бенфика е со една нога во групната фаза
СледноЛазаров: Чест и задоволство е што ќе работам за мојата Македонија, чест ми е што имам еден ваков проект во рацете!