Екипите на Вардар и Е.Пелистер својот супер куп дуел годинава ќе го одиграат во Охрид. РФМ одлучи таму да го организира дуелот на двата најдобри македонски ракоменти колективи во моментов и тоа на 11 септември.
Беше потребна и согласност од самиот град за организацијата откако федерацијата и клубовите веќе си подадоа рака околу самите детали, односно местото и терминот на одигрување.
Супер Куп се игра од 2017 година, а во првите три изданија победи Вардар. Еднаш против Е. Пелистер, двапати против Металург.
Минатата година се играше во Скопје, а се сретнаа Вардар и Е. Пелистер, а победија битолчани и тоа убедливо 31-22.