Двата шкотски гиганти Ренџерс и Селтик се пласираа во групите на Лигата на шампионите и тоа за прв пат по 2007 година. Селтик се пласира како шампион, додека Ренџерс преку квалификациите успеа да влезе во друштвото на најдобрите. Ренџерс го совлада ПСВ со 1:0 и поради оние 2:2 од првиот меч успеаја да изборат место во групите.
Од таа 2007 година па наваму многу работи им се случија на шкотските џинови. Ренџерс прогласи и банкрот почна од најнизок ранг и се креваше до врвот. Минатата сезона успешно играше во Лига Европа, а оваа сезона ќе го гледаме во ЛШ.
Селтик имаше неколку шокантни испаѓања од Европа (пример од Брага, Марибор, Малме, АЕК Атина, Клуж, Митјиланд. Последен пат во групите на ЛШ играше во сезоната 2017/18 и оствари една победа.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Ренџерс и Селтик заедно во групите на ЛШ првпат по 2007 година