Екипата на Динамо Загреб синоќа во прекрасен амбиент, полни трибини, и историски одигран натпревар обезбеди пласман во овогодинешното издание од групната фаза од Лигата на Шампионите.
Триумф од вкупни 4:2 над тимот на Бодо од Норвешка, во дуел во кој се играа продолженија, и во кој „Модрите“ прописно се намачија. Нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски имаа клучна улога во овој дуел, одиграа херојски, како впрочем и останатите момци во домашниот табор.
По мечот, вистинска еуфорија во соблекувалната на Динамо, а главен збор секако имаше нашиот Стефан Ристовски.
View this post on Instagram