Балкани му порача на Шкупи: Чувствувајте се како дома

634

Вечерва, шампионот на Македонија, тимот на Шкупи, го игра реванш дуелот од плеј офот за Лигата на Конференции, против тимот на Балкани од Косово.Мечот се игра во Приштина, Чаирчани веќе од вчера се таму и го одработиа официјалниот тренинг.

Избраниците на Гоце Седлоски имаат сериозна задача пред себе, да го анулираат поразот од Скопје, од 1:2, и да обезбедат есен во Европа, која секако ќе биде историска за клубот од Чаир.

Тоа нема да биде лесно, пред себе имаат сериозен ривал кој во Скопје покажа сериозен квалитет. Битката на терен ќе биде жестока, но и пред се фер и коректна. Балкани не ја криеше својата благодарност за одличниот пречек во Скопје кога имаше улога на домаќин, а сега сака да врати со иста мера.

„Шкупи, чувствувај се како дома“ – напиша тимот на Балкани, сакајќи да стави до знаење дека денешниот противник е пред се пријател, а потоа ривал.

ПретходноЧачиќ: Ќе се брукаме во Лигата на Шампионите
СледноОфицијално: Ерик Баји си замина од Јунајтед и „слета“ во Марсеј