Катерина Милеска дел од женскиот фудбалски крем

519

Селекторката на женската македонска фудбалска репрезентација до 17. години Катерина Милеска, беше дел од тридневна работилница организирана од страна на ФИФА, која се одржа во ист термин како и Светското првенство за жени до 20 год. во Коста Рика.

Оваа работилница е само мал дел од проектот на ФИФА “Coach Mentorship Programme”, кој ќе трае 18 месеци. На работилницата присуствуваа еминентни имиња од женскиот фудбал, како : Влатко Андоновски, Корин Диакре, Пиа Сундаге, Ана Сигнеул, Беверли Пристман и др.

Инаку на оваа програма ментор и е селекторот на САД, Влатко Андоновски, кој е наш најетаблиран фудбалски работник во светот. Секако, еден од најдобрите во светот на женскиот фудбал.

 

 

ПретходноОфицијално: Ерик Баји си замина од Јунајтед и „слета“ во Марсеј
СледноШкупи… ако не сега, кога?