Шкупи… ако не сега, кога?

311

Вечерва македонскиот шампион, тимот на Шкупи го игра реванш дуелот од пелј офот за Лигата на Конференции на Косово, каде што во Приштина од 20:00се среќава со тимот на Балкани. Првиот дуел во Скопје заврши со победа на косовците со 1:2, по малку шокирачки изход за нас, но не и за противникот кој очигледно има сериозен квалитет.

Сега, една недела подоцна, истото треба да го стори и Шкупи. Пред противничка публика да се обиде да ја анулира негативата и да обезбеди прво, историски пласман во групна фаза на тимот од Чаир. Тоа би бил само втор таков излет на македонски тим, откако во сезоната, 2017/2018 беше дел од Групната фаза од Лигата на Европа.

Може ли Шкупи до таков подвиг? Секако дека може. Има тимот од Чаир квалитет и капацитет во себе, тоа летово го покажа. Одигра рамноправно против екипи како Динамо Загреб кој синоќа обезбедија групна фаза Лига на Шампиони. Рамноправно се носеше и со тимот на Шамрок, елиминираше шампиони, и неспорно е дека може да одигра на високо ниво деведесет, а и повеќе минути.

Треба, мора само да се сведат на минимум очигледните грешки кои Шкупи ги правеше на првиот дуел, и да се чека иста таква на противникот. А таа ќе дојде со сигурност затоа што Балкани ниту е класа над Шкупи во моментов, ниту пак го има искуството потребно за вакви мечеви, напротив. И тимот од Косово, во овој дуел гледа испишување историја, и Балкани врз себе ќе го има имеративот на триумф, и секако притисокот на домашната публика и тука некаде треба Шкупи да ја гледа својата шанса.

Да, Шкупи во моментов е најдобриот тим од Македонија, но прашање е дали Шкупи ќе има таков статус и догодина. Затоа, оваа шанса, треба, мора да се искористи и Македонија повторно да има претставник во главната рудна од едно елитно европско фудбалско натпреварување.

 

ПретходноКатерина Милеска дел од женскиот фудбалски крем
СледноВдовицата на Коби Брајант доби 16 милиони долари отштета