Ивановски по само три гејма го предаде четвртфиналето во Тунис

202

Откако минатата недела успеа да ја освои титулата на првиот од двата турнири во Монастир, Тунис, нашата тениска надеж Калин Ивановски оваа недела запре во четвртфиналето. Денеска во дуелот со Австралиецот Делаведова, Ивановски го предаде мечот по само три одиграни гејма во првиот сет, најверојатно поради повреда.

Со ова заврши серијата од седум последователни победи која Ивановски ја нанижа досега. одличните настапи го доведоа и во ТОП 1000 на АТП листата, каде се надеваме наскоро ќе има нов скок.

ПретходноЃуроски повторно во Шпанија, потпиша за Оуренсе
СледноМакедонија од утре домаќин на ЕП за одбојкарки до 19 години