Јовиќ верува во момците: Подготвени сме европскиот предизвик!

166

Европската авантура за Е.Пелистер 2 стартува утре. Вториот битолски тим го чека двомеч со австрискио Алпла Хард во рамките на квалификациите во Европската лига. Првиот меч го игра на гостински терен, додека реванш мечот е закажан за седум дена подоцна во Битола.

За тренерот на екипата Александар Јовиќ овие дуели ќе бидат вистински тест за силите, убеден е дека неговите момци ќе подготвени за предизвикот.

„Алпла Хард е добра и искусна екипа. Станува збор за вицешампион на Австрија. Во овој подготвителен период добивме материјали и направиме анализа, и мислам дека сме подготвени за овој предизвик. Имавме добри подготовки, одигравче четири пријателски средби и јас сум задоволен од тие мечеви. Сметам дека ќе бидеме подготвени прво за овие два меча во Европа, а потоа и за првенството“, рече Јовиќ.

ПретходноНестор асистираше за победа на Удинезе во Монца (видео)
СледноАјакс одбил 90 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Антони