Грифо му донесе победа на Фрајбург, a стана и најефикасен Италијанец во Бундес лигата

103

Фрајбург го совлада Бохум со 1:0 во меч од 4. коло на Бундес лигата. Единствениот погодок го реализира Винченцо Грифо во 48 минута. Италијанецот прво го промаши пеналот, но потоа погоди што беше негов 38 погодок во најсилната германска лига. Со тоа се изедначи со Лука Тони како најефикасниот италијански фудбалер во историјата на Бундес лигата. Грифо сигурно ќе го подобри рекордот оваа сезона.
Фрајбург има скор од три победи и еден пораз, додека Бохум е последен со четири порази и гол разлика 3:13.

ПретходноЛацио слави победа на дербито со Интер (видео)
СледноФофана и дефинитивно во Челзи