Некогашниот голем талент на тимот на Барселона, Кристијан Тељо изненадувачки направи трансфер во САД. Откако ја напушти Барселона во 2017 година и играше во екипите на Порто, Фиорентина и Бетис, сега веќе 31. годишниот Тељо ќе игра за тимот на Лос Анџелес.
Иако шпанската јавност смета дека тој сеуште има што да даде на фудбалски план и тоа на највисоко ниво, сепак, тој ете се одлучи за Лос Анџелес, почнувајќи една сосема нова авантура.
Cristian Tello is Black & Gold.
🤝 #LAFC Transfers presented by @remitly.
— LAFC (@LAFC) August 26, 2022