Кошаркар на Минесота уапсен: Возел со нерегистрирано возило во кое имало пиштоли и канабис

122

Американските медиуми објавија дека кошаркарот на Минесота Тимбервулфс Торејн Принс е уапсен на Флорида. Според извештаите, НБА играчот првпат бил запрен пред околу три месеци поради рутинска сообраќајна контрола, но полицаецот открил дека неговата регистрација на автомобилот е истечена.

Ова се случило на територијата на Тексас, а при понатамошни контроли на возилото биле пронајдени два пиштоли и наркотици, кои биле испратени на детална истрага.

Утврдено било дека Принс поседува и марихуана и масло од канабис, по што е уапсен на аеродромот во Флорида.

Принс во четвртокот беше префрлен во поправниот центар Тарнер Гилфорд Гилфорд Најт. Следува натамошна постапка и негово сослушување, но казната ќе следи и законски и кога е во прашање клубот и НБА организацијата. Минесота потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Принс во јуни.

ПретходноСкандал: Фудбалер на ЦСКА (С) бил допингуван на мечот со Македонија ЃП
СледноКадетките со пораз од Луксембург се одјавија од Подгорица