Наполи на Елмас повторно во игра за спас на Роналдо!

364

Кристијано Роналдо и натаму е главна тема во јавноста. Иако тој продолжи да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, сепак информациите поврзани за неговото заминување не стивнуваат.

Главна тема повторно е Наполи на Елиф Елмас. Агентот на Кристијано Роналдо, Мендеш стапил во контакт со Наполи за потенцијален трансфер. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Виктор Осимен и би сакал да направи размена.

Сепак италијанскиот клуб нема намера да го пушти својот напаѓач за помалку од 100 милиони евра, пренесува „Sky Sports“. Така, заедно со Роналдо, би имало значителна дополнителна исплата од страна на Јунајтед.

ПретходноДеби на Е.Пелистер 2 на европска сцена: Нема што да изгубиме, ова е подарок за минатата сезона!
СледноБруно му донесе победа на Јунајтед, деби за Касемиро! (ВИДЕО)