„Росонерите“ без многу мака ја совладаа Болоња (видео)

159

Италијанскиот шампион Милан ја впиша и втората победа сезонава во Серија А, а вечерва на „Сан Сиро“ падна Болоња. Момците на Стефано Пиоли славеа победа од 2:0. Првиот гол го постигна Рафаел Леао во 21. минута, а асистент беше Де Кетеларе, новиот фудбалер во црвено-црниот табор.
Во второто полувреме на асистенција на Леао, погоди Оливие Жиру и со тоа ја круниса победата за својата екипа.
Болоња го впиша вториот пораз и има само еден бод по три кола.
А Специја и Сасуоло одиграа 2:2. Специја водеше на полувреме со 2:1, а во вториот дел „зелено-црните“ изедначија.

ПретходноАлегри: Во финишот требаше да ја успориме играта, а не да примиме гол
СледноНоќ за паметење: Koшаркарите на БиХ ја урнаа моќната Франција