ПОЛУВРЕМЕ: Македонија губи со шест разлика од Словачка

187

Македонската кошарска репрезентација по првото полувреме на дуелот против Словачка на домашен терен во рамките на второто квалификациско коло за пласман ЕП 2025 има негатива од шест поени (40-46). Противникот добро ја анализирал играта на Македонија, Ненад Димитријевиќ беше затворен, а згора на се, кошаркарите имаа и нереализирани шутеви и изгубени топки.

Нашите момци добро го отворија мечот, поведоа со 6-2, нешто подоцна влегоа во серија на грешки и промашување, по последните плус еден (9-8) гостите направија серија од 6-0 и поведоа со 9-14. Кошаркарите израмнија на 14-14 за минута и нешто, но Словачка успеа да дојде на плус седум 15-22 и 19-26.

На стартот на втората четвртина беше 19-28, Македонија се мачеше ја бараше вистинската против игра, а Словачка на другата страна лесни дојде на двоцифрени 26-36 во 15 минута. На голема среќа овој налет на противникот беше прекинат, Војдан, Димитријевиќ и Ѓуроски со седум поени во низа намалија на 38-41. Но, тука застанаа, новата серија на грешки, Словачка ја казни со серија од 5-0 за 38-46. На одморот, Војдан намали на 40-46.

ПретходноГол-спектакл во Бремен: Ајнтрахт, конечно, победи во новата сезона (ВИДЕО)
СледноНорвешка перфектна по првите две рунди!