Италијанска Рома и официјално го потврди доаѓањето на италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти. По долга летна сага околу неговата иднина, екс-фудбалерот на Торино се реши да ја прифати поканата на „специјалниот“, Жозе МУрињо.
28-годишниот фудбалер потпиша договор со Рома до 30 јуни 2023 година, со опција за продолжување на две сезони.
„Амбициите и растот на Рома може да ги видат сите и ме фасцинираа и мене. Во овој момент од мојата кариера сакам да продолжам да се подобрувам, од ден на ден, и среќен сум што можам да го направам тоа со Рома. Сега едвај чекам да ја слушнам химната на стадионот, пред нашите навивачи“, изјави Белоти во своето прво интервју како играч на „волчицата“.