Тренер на колото: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)

180

Можеби оваа рубрика станува здодевна, но сепак Срѓан Захариевски и во ова 4.коло заслужи и тоа како, да биде тренер на колото. И не само што неговиот тим Струга Трим Лум останува лидер во ПМФЛ со максимални 12 бодови, туку и поради фактот што Захариевски иако без двајца клучни играчи, иако како гостин, во целост ја надигра Шкендија и беше подобар во тактичките надмудрувања со Артим Шаќири.

Секако да се победи Шкендија со 2:0 и тоа на гости не е мала работа, па така и во ова 5. коло популарниот Срле, според „Спортмедиа“ е тренер на колото.

ПретходноБензема ова го чекаше 13 години… (ВИДЕО)
СледноБразилецот Бремер сака да игра за Италија а не за својата земја!