Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне е задоволен од победата над Валенсија синоќа од минимални 0:1 . „Јорганџиите“ победија на среде „Местаља“ и тоа, со голот на Антоан Гризман , кој влезе како резерва во 64. минута, а погоди во 66.
„Гризман успеа да одговори на најдобар начин. Важно е дека тој беше на теренот кога најмногу му беше потребен на тимот. Го познавам Гатузо од натпреварите што ги играв против него. Не се сомневам дека неговиот тим ќе го има неговиот ентузијазам и енергија. Кавани ќе ги направи уште посилни во нападот“, изјави Симеоне.
Од друга страна пак, донашниот тренер, Џенаро Гатузо во свој стил го прокоментира поразот на свој терен.
„Тешко ми е да прифатам дека загубивме. Неприфатливо е да има нула бодови од последните два натпревари. Им кажав на играчите дека мора да работиме и да гледаме напред. Кавани? Тој нема играно три месеци. Ќе видиме во каква состојба е“, прокоментира Гатузо.