ПМФЛ: Тиквеш спрема “ПЕКОЛ“ за Шкендија, дерби во Струга, можат ли Скопје и Победа до сензација…

510

Попладне од 16 часот се играат пет натпревари од 5.коло во ПМФЛ, Брегалница е слободна ова коло.

Дербито се игра во Струга, каде се среќаваат лидерот Струга ТЛ и Силекс. Две екипи кои досега покажаа, посебно стружани, квалитет и две екипи кои досега кои досега се без пораз, па играат првиот и вториот на табелата, нормално ова да е дерби. Секако Струга ТЛ посакува нова, петта победа во серија.

Супер интересно ќе биде во Кавадарци, каде Тиквеш и спрема „пекол“ на Шкендија. И двете екипи во минатото коло беа поразени, и двете екипи се пред голем императив. Тетовци се фаворити на хартија, но Тиквеш кога игра пред своите фанови е сосема некој друг тим. Тука во „игра“ е секој резултат како исход.

Во Ѓорче се среќаваат старите ривали Македонија ЃП и Работнички. Треба да се види дали гостите од Градски парк навистина излегуваат од кризата или пак одличниот настап и победа против Тиквеш во минатото коло беше само случајност.

Академија Пандев и Шкупи како домаќини се големи фаворити против Скопје и Победа. Секој резултат освен победа на домашните ќе биде голема сензација, ќе имаат ли сила Скопје и Победа до сензација. Само овие две екипи досега немаат освоено ниту бод.

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС

Струмица: А.ПАНДЕВ – СКОПЈЕ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА

БРЕГАЛНИЦА (слободна)

ПретходноРајковиќ и ЦСКА со победа на првиот подготвителен меч!
СледноФеникс го претстави Американецот Бакингхам! (ФОТО)