Полувреме: Бесарт од пенал за водство на лидерот, Тиквеш водеше, но на пауза се замина со 1:2, води и А.Пандев (ВИДЕО)

438

Завршија првите полувремиња од петте мечеви во 5.коло во ПМФЛ. Во дербито во Струга, домашниот состав на Струга ТЛ има водство од 1:0 против Силекс откако Бесарт Ибраими од пенал во 30.минута стрелаше прецизно. Гостите можеа да израмнат во 39.минута, но голманот Ќосевски со фантастична парада спаси гол.

Интересно е во Кавадарци. Тиквеш со голот на Спахиу поведе со 1:0 против Шкендија, сепак тетовци со головите на Хасани и Дита на пауза заминаа со водство од 1:2.

А. Пандев води против Скопје и тоа со голот на Митровски во 12.минута.Во Скопје, на двата меча каде играат Шкупи со Победа и Македонија ЃП со Работнички нема голови.

ПретходноЖенската У-17 селекција на Македонија ќе има “тестови“ со Романија!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Милан продаден за 1,2 милијарди евра