ПМФЛ: Пет од пет за Струга ТЛ, катастрофа за Шкупи, убедливи Шкендија и А.Пандев (ВИДЕО)

1024

Завршија сите пет средби од 5.коло во ПМФЛ. Во дербито, Струга ТЛ по голема борба го совлада Силекс со 2:1. Убаво, интересно и квалитетно дерби, и заслужена победа на стружани кои сега имаат пет од пет и 15 максимални бодови.

Ибраими и Шабани беа стрелци, додека Ристовски израмни на тие 1:1.

Каква катастрофа за Шкупи. Шампионот дома одигра само 1:1 против една победа. И дефинитивно тимот на Седлоски е во криза. Реналдо поведе во 81.минута а Галевски три минути подоцна со прекрасен гол ги постави конечните 1:1.

Македонија ЃП и Работнички одиграа 1:1 во скопската пресметка, додека А. Пандев со убедливи 3:0 славеше над Скопје.

Шкендија во Кавадарци губеше со 1:0, но затоа на крајот победи со 1:3. Убедлива победа на фаворитот.

Хасани, Дита и Дориев за гостите а Спахиу кај домашните беа стрелците на овој меч.

 

РЕЗУЛТАТИ ЗА 5.КОЛО

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2:1

(Ибраими (п) 30., Шабани 82./Ристовски 72.)

ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1:3

(Спахиу 20./Хасани 23., Дита 42., Дориев 58.)

А.ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 3:0

(Митровски 12., Цикарски 80./Трајков 88.))

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1:1

(Ѓурѓевиќ 63./Мишевски (авт) 49.)

ШКУПИ – ПОБЕДА 1:1

(Реналдо 81., /Галевски 84.)

БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)

ПретходноОбамејанг ќе паузира – крадците му ја скршиле вилицата
СледноОчајно, срамно издание на Шкупи: Зарем вака треба да игра шампионот!?