Селекцијата на Полска со победа го стартуваше ЕВРО 2022 во кошарка. Доцна попладнево среде Прага, полјаците ја победи домашната селекција на Чешка со 99-84, значи само еден поен недостигаше да “пукне“ стотката.
Полска се покажа како подобар тим и тоа во текот на целиот меч, освен во втората четвртина во која домашните најавија пресврт, но Полска во второто полувреме повторно беше на ниво и успеа да дојде до висока и убедлива победа.
Кај победничкиот тим Понитка постигна 26 поени, додека Слоутер застана на 23. Тие беа предводниците на победата на Полска. Додека кај Чешка најдобар беше Весели со 17 поени.