Ракометна Битола од два фронта чека историја!

200

Голем ден за Битола, двата ракометни тимови ќе се борат за нови историски страници. Е.Пелистер игра за бронзен медал на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, каде се најде за првпат, додека Е.Пелистер 2 на домашен терен го пречекува Алпла во реванш мечот од Европската лига.

Првиот тим по убедливиот пораз од Веспрем во полуфиналето во Задар, ќе се одмери силите со Нексе, крајната цел е третото место на Ф4. Дуелот е закажан со почеток во 16:30 часот.

„Немаме време да жалиме за поразот. Знаевме каква екипа е Веспрем. Се надевавме дека можеме да пружиме повеќе, ама најдобро е да го заборавиме натпреварот. Треба да се насочиме кон натпревар за третото место, каде што имаме шанса за успех бидејќи сме тука некаде со Нексе. Не гледам причина зошто не би го добиле натпреварот.

Екипата има добра хемија и атмосфера во соблекувалната и на тренинзите. Тоа придонесува да се забрза процесот на воигрување, имаме десет нови играчи и нов тренер, со нови барања и едноставно ќе биде потребно време. Одиме чекор по чекор, ќе учиме на секој натпревар. Потребна е многу работа, ама мислам дека сме на нов пат“, изјави Кизиќ пред дуелот.

Во битката за тронот силите во СЕХА-лига ќе ги одмерат Веспрем и ППД Загреб.

ВТОРИОТ БИТОЛСКИ ТИМ СОНУВА ПОДОЛГА ЕВРОПСКА АВАНТУРА

Два и пол часа подоцна во Битола, вториот тим ќе се обиде да ја надокнади негативата од три гола од првата средба (24-21) против австрискиот состав. Ракометарите очекуваат максимална поддршка од трибините, знаат дека заедно со своите навивачи можат да направат многу повеќе, посакуваат нов историски чекор за подолга европска авантура.

Билетите за оваа средба се продаваат по цена од 150 денари.

ПретходноПМФЛ: Шкендија против “лавовите“ конечно под Шара, Силекс против Тиквеш, “пиратите“ посакуваат први бодови
СледноДимитар Пандев е нов кошаркар на МЗТ Скопје А.