Милевски го повика Aгон Елези за претстојните мечеви во ЛН

1344

По одличните настапи на стартот на хрватското првенство, македонскиот фудбалер Агон Елези доби повик од селекторот Благоја Милевски за претстојните натпревари на репрезентацијата во Лигата на нациите.
Елези, кој е играч од средниот ред, даде два гола за Вараждин во победата со 2:1 над Горица, па Милевски реши да го повика во националниот тим. Македонската репрезентација на 23 и 26 септември ќе игра против Грузија и Бугарија во рамките на Лигата на нациите.
Елези, кој претходно играше за Скендербег од Албанија и за Шкупи, се уште нема настап за сениорите.

ПретходноСрбите ја „збришаа“ и Финска, Италија „заринка“ во финишот против Украина
СледноПогба мора на операција, ќе го пропушти СП во Катар?