Маратонот на ЕП продолжува, жестока битка во групата А!

139

Европското првенство денеска продолжува. На програмата е петото коло во групите „А“ и „Б“. Пет репрезентации веќе се пласираа во осминафиналето, три ќе бидат познати по завршување на мечевите.

Шпанија и Турција (двете веќе имаат билет за Топ16) се изедначени на врвот во групата „А“ (3-1) и денеска во директен дуел (13.30 часот) ќе го решат лидерското место. За пласман во осминафиналето конкурираат и сите останати селекции: Црна Гора и Белгија со 2-2, а Бугарија и Грузија со 1-3, па ќе гледаме вистинска битка.

Доколку Белгија ја победи Бугарија е сигурна во осминафиналето, додека триумф на Бугарија која вчера ги изненади Грузијците – значително ќе ги расипе плановите на домаќинот. Особено ако загубат од Црна Гора, која има добри шанси да оди понатаму.

Што се однесува до групата „Б“, јасна е ситуацијата за Германија, Словенија и Франција (имаат уште да се постават на табелата), додека Босна и Херцеговина и Литванија директно се борат за четвртото место на табелата и преминот понатаму (денеска во 14:30 часот).

Босна и Херцеговина има победа повеќе, но резултатот меѓу нив ја има најголемата улога на Евробаскетот, па Литванците кои очајно го започнаа турнирот би можеле да се „протнат“ во продолжението од натпреварувањето.

РАСПОРЕД 5. КОЛО

13:30 часот Турција – Шпанија

14:30 Литванија – Босна и Херцеговина

16:15 Бугарија – Белгија

17:15 Франција – Словенија

19:00 Грузија – Црна Гора

20:30 Унгарија – Германија

Претходно“Ранетите“ Тиквеш и Шкупи денеска на мегдан во Кавадарци!
СледноСрбија без Недовиќ до крајот на ЕП