Воведена новата Вар-технологија: Во Лигата на шампиони беше поништен гол поради мал прст!

416

ВАР технологијата е во фудбалот со години, веќе сите се навикнаа на неа. Не е тајна дека истата помалку созадава нервози, ова особено поради чудно исцртани линии и милиметарски офсајди. Од оваа сезона во Лигата на шампионите се користи нова технологија, што треба да остави помалку простор за шпекулации.

Истата беше применета оваа недела на 16 натпревари од Лигата на шампионите и веќе даде резултати, бидејќи одлуките се носат побрзо, а графиките претставени на ситуацијата се многу подобри „за очи“ особено кај телевизиските гледачи. Ниту тренерите не протестираа јавно и прифатија дека ова е иднината на фудбалот, ситуациите се многу појасни, па се надеваме дека теориите на заговор ќе станат минато.

Така, на натпреварот помеѓу Клуб Бриж и Баер Леверкузен (1:0), голот на гостинскиот играч Патрик Шик во 73. минута беше поништен со полуавтоматски систем за офсајд и тоа брзо.

Дефанзивецот Џонатан Та, беше само неколку милиметри во офсајд, односно новата технологија покажа дека неговиот прст буквално е во недозволена позиција. Новата графика не оставаше простор за дилема, токму поради прстот на играчот на Баер, кој„штрчеше“ над линијата за офсајд.

Инаку, сензорот во внатрешноста на топката испраќа податоци 500 пати во секунда, што овозможува прецизно откривање на точката на удар за офсајд одлуки, а линиите се „исцртуваат“ врз основа на 3Д модели кои се попрецизни од телевизиските снимки.

 

ПретходноНуркиќ ја отвори душата: Четворица играчи да спијат во еден кревет, да не почнуваме ве молам!
СледноСвирежи на „Камп Ноу“ поради видеото кое се појави на семафорот (ВИДЕО)