Новиот менаџер на Челзи, Греам Потер, ќе го чини новото раководство на „сините“ од Лондон еден куп пари, смета новинарот Сајмон Стоун. Според него, поранешниот менаџер на Брајтон ќе го чини Челзи само 21 милион фунти како сума за предвремено раскинување на договорот кој Потер и неговите помошници го имаа со „галебите“.
Уште поимпресивна е сумата што стратегот ќе ја заработува во следните 5 години. Проценките велат дека Потер од Челзи ќе заработи околу 60 милиони фунти. 47-годишниот Потер го замени Томас Тухел, кој беше отпуштен по поразот од Динамо Загреб. Поранешниот лев бек во својата менаџерска кариера ги водеше шведски Естерсунд и Свонси, а од 2019 година беше на чело на Брајтон.