Со исклучително возбудлив меч во пет сета, вчера во струмичката сала „Парк“ почна силниот меѓународен одбојкарски турнир во организација на нашиот шампион Струмица Никоб. По повод 75-годишнината од одбојкарскиот спорт во градот, струмичани собраа четири квалитетни состави на подготвителен турнир во пресрет на новата сезона во која нашиот првак го очекува и настап во Лигата на шампионите.
Вчера во првиот меч на турнирот, црногорскиот шампион Будва беше минимално поразен од нашиот шампион Струмица Н. со 2:3 (29:27, 25:27, 25:27, 25:21, 14:16). Овој исклучително возбудлив меч беше само старт на возбудувањата, кои денеска во 17.30 часот продолжуваат со дуелот меѓу Струмица Н. и романска Крајова.
В сабота од 17.30 часот ќе играат Будва и Крајова, додека од 20 часот ќе се сретнат Струмица и Раднички. Во недела на последниот ден од турнирот ќе одиграат и Раднички и Крајова.









