Натурализираните играчи од Соединетите Американски Држави постигнаа најмногу поени во групната фаза на Европското првенство. Тие се убедливо први со 656 поени, а на второ место се српските кошаркари со 484 поени, а натаму следуваат Словенците (464), Германците (456) и Литванците (439).
„Американците“ ги предводи грузискиот интернационалец Тад Мекфаден со вкупно 75 поени колку што има и Џон Робертсон од БиХ. Следува Ди Бост (70) од Бугарија, па потоа црногорскиот плеј-мејкер Кендрик Пери (66), понатаму се Еј Џеј Слотер од Полска (60), Џејлен Смит од Хрватска (55)…










