Нема дилеми дека Силекс во изминатите шест кола пријатно изненади, и тоа како.Тимот предводен од стратегот Горазд Михаилов собра 11 бодови и е на второто место на табелата, веднаш зад неприкосновената Струга ТЛ.
Кратовци денеска во Ѓорче му гостуваат на тимот на Македонија ЃП, во меч со кој ќе се отвори 7.коло во ПМФЛ.
Горазд Михаилов за “Спортмедиа“ во пресрет на денешниот дуел со “лавовите“ истакна:
“Во секој случај очекувам тежок меч, но и за двете екипи. Ние како Силекс не криеме дека сакаме и во Ѓорче да ја продолжиме добрата серија.Свесни сме дека домашниот состав ќе се обиде да дојде до победата, ќе удрат што се вели од сите оружја што ги имаат, но ние сме спремни да одиграме уште еден добар меч. Секако дека посакувам победа, но и со реми не би бил незадоволен“ посочи Михаилов.