Возачот на Вилијамс итно опериран пред утрешната трка на Монца

194

Александер Албон нема да вози на утрешната трка од Формула 1 за големата награда на Италија на патеката во Монца. Причина за отсуството на возачот на Вилијамс е здравствен проблем.

Како што објавија од тимот, тајландскиот возач воопшто не бил добар во текот на ноќта, па морал итно да замине на клиника, каде му било дијагностицирано воспаление на слепото црево, поради што мора на операција.

Вилијамс успеал да најде замена, па сепак утре ќе настапи и со двата болида. На местото на Албон ќе седне Ник Де Врис, кој денеска ќе се загрева за утрешниот старт на трката во Монца.

Де Врис (27) ќе го има своето апсолутно деби на трката откако неколку пати учествуваше на слободни тренинзи во последните неколку години како тест-возач на Мерцедес.

ПретходноДенеска во Струмица почнува 3. Меморијален турнир „Илија Караманов“
СледноТие се четвртиот најбогат клуб во Англија, но никако не успеваат да излезат од Чемпионшип лигата!