Македонската репрезентација до 15. години е победник на развојниот турнир организиран од УЕФА во Скопје. Нашите млади репрезентативци на чело со селекторот Раде Каранфиловски попладнево го совладаа Косово, со двата гола на Александар Грашевски, и конечни 2:1.
Прекрасната игра на сите наши репрезентативци беше наградена со голем триумф, а младите нашите фудбалери заслужија да се радуваат во потполност. Браво момци и овој триумф нека биде почеток на серија успеси на оваа надежна генерација која ветува уште од сега дека со срце секогаш ќе игра за Македонија.