Беше најдобар во триумфот против Грција, па сега добива смртни закани

353

Денис Шродер беше пброј еден кошаркарот во таборот на Германија во вчерашниот четвртфинален триумф од Европскиот шампионат против Грција со конечни 107:96. НВА звездата постгина 26 поени, а додаде и осум скокови и беше факторот на одлука на овој дуел.

По истирискиот пласман на Германија, Шродер почна да добива смртни закани на социјалните мрежи. Дека ќе следи напад на него и на неговото семејство секако од страна на грчките тифози.

„Стотици грчки навивачи ни посакуваат смрт. Мене, на Денис и на нашите деца. Некои од нив пишуваат дека ќе не ликвидираат. Не сакам ниту да помислам колку пораки добил Денис. Вакво нешто никогаш не сум доживеала. Премногу пораки има за да ги објавам сите во јавноста но ја сваќате поентата. Не се сите од лажни профили, и ова не е воопшто пријатно“ – напиша сопругата на Шродер на социјалните мрежи.

 

ПретходноОваа недела требаше да биде посебна за Вардар, наместо ЛШ ќе игра меч од Супер-лига!
СледноПелистер и ТФТ на „тест“ во Бугарија!