Октај Дерелиоглу пред дербито: Гостивар има желба да ја победи Воска Спорт!

373

Во сабота во меч од 5.коло во ВМФЛ, голем меч ги чека момците од тимот на Гостивар. На гости им доаѓа Воска Спорт која во изминатите четири кола имаше исто толку победи. Тоа ќе биде важен меч за Гостивар, тим кој што не ги крие високите амбиции оваа сезона во единствената Втора лига.

Во пресрет на саботното дерби, тренерот на гостиварци Октај Дерелиоглу, имаше свој коментар:

Ни претстои меч со Воска Спорт, меч кој е директно поврзан со битката за врвот на табелата. Се обидуваме да го заборавиме поразот во Купот од Пелистер и целиот фокус да го насочиме кон саботното дерби. Гостивар имаа желба да ја победи Воска Спорт и тоа пред своите фанови и со тоа да се движиме самоуверено и цврсто кон таа победничка патека“.

Тој вели дека неговиот тим има добар и силен тим, секако и моќ за такво нешто…

Секако дека имаме моќ за тоа. Ние сме при врвот на табелата, како што ќе одминува времето коцките ќе бидат во својот мозаик што се вели со текот на времето. Без разлика на сите надворешни фактори, нашата работа во тимот е да се фокусираме на натпреварите и тренинзите, и да работиме уште понапорно“ изјави стратегот на Гостивар.

Инаку Гостивар, кој важи за еден од најголемите аспиранти за првите две места во ВМФЛ, кои водат директно во ПМФЛ, по првите четири кола има три победи и едно реми и со 12 бодови е на делба на втората позиција на табелата.

ПретходноТренерот кој против Вардар сакал да прави седум измени, си замина од Каменица Саса!
СледноШокантно: Ова е новиот дрес на Барселона!