Крај на полската сензација на Евробаскетот. Репрезентацијата на Франција се испречи на нивниот пат и лесно ги „скроти“ со што им ја скрати надежта дека ќе можат да изборат пласман во финалето и така да направат уште поголемо чудо.
Вечерва во Берлин, француската репрезентација делуваше убедливо, најде начин како да ги запре полските кошаркари и практично ги уништи со 95:54. Французите отворија силно, а по првото полувреме имаа предност од 34:18. Како што одминуваше времето Французите уште посилно притискаа, а полските кошаркари се изгубија во мечот.
По третата четвртина резултатот гласеше 64:36. Во последната делница Французите отворија со 7:0 (71:36) и тука веќе беше јасен победникот. Полјаците немаа шанси да се доближат, а не пак да направат пресврт.
Кај Французите најефикасен беше Јабуселе со 22 поени, 10 постигна Фурние, а сите други допринесоа со по некој поен во убедливата победа. Кај Полјаците Слотер стигна до 9 поени, а Понитка до 7.
Франција трет пат е во финале, а прв пат по 2013 година. Токму таа година единствен пат беше и шампион на Европа.
Во битката за трофејот ќе соочи со подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Германија и Шпанија.