Алегри: И Милан и Интер да играат без петмина првотимци ќе им биде тешко

192

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ја коментираше ситуацијата во Јувентус.
Многу ми е жал за оваа ситуација и често се прашувам дали направив некои грешки. Првиот одговор што ми паѓа на ум е дека за Јуве се мислеше поинаку. Рабио-Паредес-Погба во средниот ред плус Локатели како прва замена.
Ди Марија и Киеза на крилата, Влаховиќ во центарот на нападот. Тоа е на хартија. Сегашниот Јувентус е виртуелен. Знам дека ни недостига некој кој може да биде креативен во последните триесет метри, но за тоа потпишавме со Погба и Ди Марија. И го развиваме Мирети, кој е најпогоден за оваа улога меѓу другите кои ги имаме за таа позиција. Но, тој не е Погба. Има само 19 години.
Имаме проблеми на крилата. Не можам да барам од играчите кои трчаат цел живот да продолжат да го прават тоа по крилата. Ако побарам од Квадрадо да биде крилен напаѓач, тој ќе одигра добро. Но, повеќе не можам да барам од него постојано да игра две улоги“.

Менталитетот? Нешто недостасува. Тоа е моја работа, работиме на тоа секој ден. Многу грешки се и технички. Но тука се отсуството на некои играчи.
Можеме да сметаме на Киеза и Погба во јануари. Тие не се велосипеди – поправи и терај. Има објективни тешкотии, го знам тоа, иако одамна сум тренер знам и да погрешам. Но, повторувам, сега ова е виртуелен Јувентус. И Милан и Интер да играат без петмина првотимци ќе им биде многу тешко.

Задоволен сум од работата на трансфер пазарот, ми се допадна. Но, ги немаме играчите на теренот“, изјави Алегри.

ПретходноАлкалоид остана перфектен, и Охрид падна пред дебитантот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТотенхем го „уби“ Лестер, Сон со хет трик за 13 минути (ВИДЕО)