Предигра на утрешното дерби во Мадрид… „ферка десет на десет“ Атлетико – Реал

296

Утре со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби на Мадрид, помеѓу екипите на Атлетико и Реал. Пресметката секогаш предизвикувала многу внимание, ова дерби е едно од најгледаните на планетава, а изобилувало со борба, картони, па дури и инциденти.
Како претходница на овој дуел пак, викендов навивачите на двата тима, си организирале свој дуел, поточно фер борба. Десетмина одбрани момци од двете страни си закажале тепачка во која си ги одмериле силите. По теркот на руските ултраси кои реално го измислија ваквиот начин на пресметка сега и навивачите на Атлетико и Реал Мадрид решија да се пробаат во силата.

Кој победил не успеа да дознае ниту престижната Марка, која го прокоментира овој настан како идиотски.

 

ПретходноМЗТ Скопје го освои „Земун Купот“
СледноЧедомир Јаневски е нов тренер на АЕЛ Лимасол