Нови проблеми за селекторот: Милевски ќе мора и без Етеми!

259

Нови проблеми за селекторот Благоја Милевски во пресрет на мечевите од Лигата на Нации со Грузија и Бугарија. Имено Валон Етеми е повреден, така барем инфомираат од страна на неговиот клуб Истанбулспор. Нашиот репрезентативец има проблеми со горниот десен мускул кој е истегнат. Токму затоа тој вчера не беше во составот на Истанбулспор на мечот со Бешикташ,меч кој заврши со резултат 2:2.Сеуште не се знае Етеми колку ќе паузира, но јасно е дека мали се шансите, речиси никакви тој да се најдево составот на нашата репрезентација за мечевите на 23 и 26 септември.

Инаку познато е дека Милевски за циклус нема да смета ниту на повредениот Дарко Чурлинов. Па затоа ако Етеми и дефинитивно откаже, Милевски веројатно ќе упати дополнителен повик до некој напаѓач.

ПретходноХаланд даде 14 гола, но поради еден потег се најде на мета на критики (ВИДЕО)
СледноСцени од Шкотска ја шокираа Велика Британија при едноминутно молчење за Кралицата: Лизи е во кутија (ВИДЕО)