Денеска во 15 часот на стадионот на Автокоманда во Скопје, се игра последниот меч од 8.коло во ПМФЛ. Се среќаваат домашниот состав на Скопје и штипска Брегалница. По поразот од Победа во минатото коло, повеќе од јасно е дека штипските “сини“ не смеат да си дозволат нов неуспех.
За тоа што може да се очекува од овој натпревар од страна на Брегалница, свој коментар има Горан Силјановски:
“По поразот од Победа се вративме со убедлива против Слога Виница во Купот на Македонија. Денеска не чека тешко гостување кај Скопје, сите ние во Брегалница знаеме дека ова ќе биде тешко гостување за нас,токму затоа мораме да бидеме максимално фокусирани. Во секој случај, од сите досегашни натпревари од стартот на сезоната,од нашите изданија и односот, сигурен сум дека сме на вистинскиот пат, верувам дека можеме да ги оствариме нашите цели и амбиции сезонава“ заврши Силјановски.
Инаку вчерасе одиграа останатите натпревари од 8.коло во ПМФЛ, а беа постигнати следните резултати: Шкендија – Шкупи 0:0, Струга ТЛ – Тиквеш 2:0, Работнички – Победа 1:0, А.Пандев – Македонија ЃП 0:1.