Неверојатно: Мбапе барал да се донесе Левандовски во ПСЖ, а Нејмар да си оди!

250

Иако минаа речиси три месеци од завршување на сагата за тоа дали Килијан Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид или ќе остане во ПСЖ, секој ден излегуваат нови информации за тоа кои биле условите што морале “светците“ да ги исполнат за да Мбапе остане на “Паркот на принцовите“.

Па така покрај тие 300 милиони евра нето, што тој ќе ги добие во наредните три години, еден од условите бил и да му се донесе Роберт Левандовски по секоја цена, а Нејмар да биде “откачен“. Тоа ПСЖ не успеа да му го исполни, полската гол – машина замина во Барселона, а Нејмар остана во Париз. Можеби затоа е таа нетрпеливост од страна на Мбапе кон Бразилецот во изминатиот дел од сезоната, посебно во првите мечеви. Инаку тој имал и други услови, како смена и на Леонардо со ангажманот за нов спортски директор Луис Кампош. А барал од Насел Ал – Келаифи во ПСЖ да се донесе неговиот пријател Жилијен Мејнар и да се постави на местото главен менаџер за комуникации во клубот.

Имало уште некои, за тоа на кое место да игра, на кое да не игра и слично.

Секако дека Мбапе се ова ќе го оправда ако во наредните три сезони му го донесе пехарот од ЛШ на ПСЖ, ако не, е тогаш ќе биде главниот виновник за неуспехот.

ПретходноПолувреме: Многу борба, но без голови на Автокоманда!
СледноПо бод за Скопје и Брегалница, црвени за Тодоровски и Мојсов! (ФОТОГАЛЕРИЈА)