Се одиграа седумте натпревари од 5.коло во ВМФЛ. Малку пшокантно, но најинтересно беше во Струга каде гостуваше Вардар кој со многу среќа успеа да дојде до трите бода против довчерашниот третолигаш, тимот на Караорман. Уште повеќе, домашните водеа со 1:0, но вардарци направија пресврт и со песна се враќаат од Струга. Десниќ и Жоглев беа стрелци за Вардар.
Треба да се каже дека Караорман од раната фаза на мечот играше со играч помалку поради исклучувањето на еден свој фудбалер.
Во Охрид пак, Пелистер исто така победи покрај Охридското езеро и тоа со 0:1.
Кожув без проблеми славеше во Велес кај Борец.
Детонит Плачковица со 3:1 го победи Арсими. Стрелци на головите беа Казимов, Андонов и Настоски, додека кај поразениот состав во 94.минута поразот го ублажи Гафури. Во Македонска Каменица, домашната екипа на Каменица Саса одигра 1:1 против Беласица.
Беса со 3:2 го победи тимот на Слога Виница, стрелец на сите три гола беше Љавдрим Скендери кај победничкиот тим, додека за гостите стрелаа Велиновски и Павлески.
РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО
ОХРИД – ПЕЛИСТЕР 0:1
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АРСИМИ 3:1
БОРЕЦ – КОЖУФ 0:2
КАРАОРМАН – ВАРДАР 1:2
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ТЕТЕКС 0:0
КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА 1:1
БЕСА – СЛОГА (В) 3:2
ВЧЕРА:
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 2:2